Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев положи венец со цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас“. Тој пред новинарите го коментираше задржувањето на Бугарите на граница, но и тоа што европратеникот Ангел Џамбаски не дојде во Македонија.
Демерџиев реагираше што Бугарите чекале на граница и од пред Свети Спас кажа дека ќе подареле три генератори за струја, за да системот повеќе не биде во прекин.
Демерџиев пред новинарите кај црквата Свети Спас за доаѓањето на Џамбаски и Костадинов посочи: „Јас зборев со нив и кажав да останат во Бугарија. Ме послушаа. Тие не дојдоа до граница. Тоа за мене е направилниот пат, не треба провокации“.
Бугарскиот вицепремиер посочи дека очекува Македонија реципрочно да одговори и да ги пушти Бугарите да го слават Гоце Делчев, исто како што Бугарија ги пушти Македонците претходно.
„Очекувам секој бугарски државјанин да стигне без било какви интервенции“, кажа тој.
Прашан дали е пријателство односот на поединечни политичари од Бугарија кои Македонија ја нрекуваат бугарска држава, Демерџиев рече: „За нас е јасно е дека Северна Македонија е суверена независна држава“.