(ВИДЕО) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Од:

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање на сметките за кирија, откако претходно, иако му ветил, не му ја направи трошната куќа во која изби пожар и немаше услови за живот. Договорот бил Бојан до крајот на годината да му плаќа сметки, а во меѓувреме да ја реновира куќата. Но, како што вели ова 24-годишно момче, Боки 13 не го одржал зборот поради што морал да се задолжи да ги покрие сметките и киријата.

„Рече дека е платено до 1 јанури, а испадна дека не е така. Газдата дојде си ги побара парите за декември. Не очекував вакво нешто. Тој тврдеше дека ми ги плаќал и трошоците за струја и вода, но и тоа не е точно. Сам морав сè да плаќам. Не знам како ќе снајдам, но знам дека мора да работам неколку месеци без пари, да ги вратам долговите, зашто ако не платам останувам пак на улица“, изјави Костовски.

Со објавата на неговата сторија на „Макфакс“, Дејан вели дека не му била намерата да отвори војна со Боки 13, туку да каже дека куќата не е направена како што му ветил Бојан и повторно јавно да побара помош од хумани луѓе.

„Не очекував дека ќе влезе во конфликт со мене, па дури и да ме обвнува дека тој ми давал пари, а јас сум ги трошел на патувања во странство.Тврдам дека тоа е лага, јас немам нити пасош, а не, пак, да патувам. Не верував дека човек како него, хуманитарец, ќе се занимава со мене. Сега читам дека изнудувал пари од бизнисмени, не знам, ако е тоа точно, подобро што не ми помогнал. Не сакам помош од такви пари, му благодарам што се повлече“, рече Дејан.

Инаку, по објавата на сторијата на „Макфакс“ на Дејан му се јавиле хумани луѓе и му донирале помош во храна и хигиенски средства. Му понудиле и помош во мебел, но Дејан вели дека првично е неопходно да се реновира куќата.

„Се јави човек од Драчево, дојде кај мене и донесе помош. Ми вети дека може да ми донира и маса и столови, но, сепак, ќе почека затоа што прво треба да се направи куќата.Затоа уште еднаш упатувам апел до сите чесни луѓе со искрени намери да ми помогнат да ја оспособиме куќава, барем една соба да се оспособи, да можам да се вселам“, додава тој.

Дејан, заедно со неговиот неподвижен татко, остана без кров над глава откако пред две години изби пожар во трошната куќа во Ѓорче Петров. Тој ја сподели неговата приказна со јавноста по што Бојан Јованоски се понуди дека ќе му ја направи, а за тоа време ќе му плаќа кирија. Отакако Јовановски не го испочитувал договореното, Дејан се јави во „Макфакс“ и повторно побара помош. Дејан живее со сестра си под кирија, зема плата од 12 000 денари, но 4 000 му задржува банката заради изврштелски долгови наследени од неговите родители. Мајка му е почината, а татко му е сместен на Геријатрија во Ѓорче Петров.

„Макфакс“ го контактираше Бојан Јовановски, но до објавувањето на сторијата немаше одговор.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески