(ВИДЕО) Давчевски: За барокот на плоштад не се наплаќаат комуналии

Од:

На денешната седница за советнички прашања, ќе го прашаме Коце Трајановски кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии, за барокен хотел на плоштадот, вели Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Овие 150.000 евра, градот можеше да го искористи за да им помогне на поплавените ширум Македонија.

Со овие 150.000 евра можеше да се набават 6 нови специјални возила за лицата со хендикеп.

Чиј интерес брани Коце Трајановски со тоа што за прв пат во историјата простува комуналии за приватен комерцијален објект, хотел на приватен инвеститор?

Денеска Коце Трајановски ќе мора да одговори зошто и понатаму ја гази јасно изразената волја на граѓаните на Центар кои му кажаа силно НЕ на криминалниот проект Скопје 2014.

На минатата седница на Советот, Коце Трајановски ја подметна оваа одлука на советниците пред самиот почеток на седницата. Точката на дневен ред владејачкото мнозинство ја постави меѓу последните, за да се скријат од јавноста. А за време на дискусијата по точката, молчеа. Немаа што да кажат, немаа никакви аргументи.

Почитувани граѓани,

Залудни се овие подметнувања. Залудно е тоа што Трајановски се помалку присуствува на седниците на Советот. Залудни се доцните термини за почеток на седниците со 30 точки на дневен ред. Од одговорноста не може да избега.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он