(ВИДЕО) Давчевски: За 11 милионската зграда – и хипотека и кредит од 7, 3 милиони евра!

Од:

„СДСМ и коалициските партнери од опозицијата уште еднаш најостро се спротивставуваат на изградбата на луксузниот административен објект на ЈП Водовод, што ги чини граѓаните 11 милиони евра. Бараме веднаш да се прекине градбата, зградата да се продаде во сегашната состојба, а парите од продажбата да се искористат за нов, ефикасен и поскромен објект“, рече во име на советничката група на СДСМ и коалициските партнери ја даде советникот Драги Давчевски.

„За да може да го задолжи градот за довршување на градбата со кредит од 7,3 милиони евра, Коце Трајановски на денешната седница му предлага на Советот  недоизградената луксузна зграда на ЈП Водовод да се стави под хипотека во една од комерцијалните банки.

Што значи ова?

  • Комерцијалните банки немаат доверба во ЈП дека навремено ќе си ги наплатат средствата,
  • Уште пострашно е што градот Скопје на една од претходните седници даде гаранции за исплатата во случај ЈП да не може да го исплати долгот. Ова значи дека градот Скопје не ужива никаква доверба кај комерцијалните банки, што имаат реален увид во финансиската состојба на градот,
  • Постојат повеќе примери во државава, кога јавни институции и органи на управата добивале кредити од домашните комерцијални банки, без хипотекарен залог. Очигледно Коце Трајановски тоа не може да го обезбеди за Скопје.

 

Предупредувавме и предупредуваме дека градот не е во финансиска состојба да се луксузира со барокни згради, плоштади и фонтани. Бараме веднаш да запре лудилото со Скопје 2014, а парите да се искористат за суштинските потреби на скопјани, како: нови училишта, подземна сообраќајница, Водовод, бесплатен јавен превоз за студентите и сл“, изјави Драги Давчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче