(ВИДЕО) Давчевски: Да се распише нов јавен повик за јавно-приватно партнерство за депонијата „Дрисла“

Од:

„Иако и Управниот и Вишиот управен суд донесоа одлуки за запирање на постапката за избор на концесионер на депонијата Дрисла и наложија повторно да се донесе одлука за избор на најповолен понудувач, градоначалникот Коце Трајановски денеска повторно сака да донесе иста одлука за истата компанија.

Одлуката на судот значи поништување на одлуката, однсоно изборот на приватен партнер. ова е второ вакво поништување од страна на судот и советот не може и не смее да изгласа повторно иста одлука бидејќи има суштински пропусти. Иако приватниот партнер, италијанската фирма ФЦЛ Амбиенте вети инвестиции од 80 милиони евра за модернизирање на депонијата, до денеска нема ниту една инвестиција. Има само неколку мали интервенции како канали и преливници кои се изградени со пари на градот.

Советот на Град Скопје не смее повторно, односно по трет пат, да ја изгласа истата одлука, бидејќи со тоа ќе стане соучесник во вршење на незаконски дејствија. Оттука, ние како советничка група во Советот на Град Скопје бараме:

Да се донесе одлука за запирање на постпаката согласно судските одлуки и интересот на граѓаните.

Распишување на на нов јавен повик за јавно-приватно партнерство, за да може новиот совет во јавна и транспарентна постапка да избере приветен партер кој ќе има најповолна понуда.

Да се активира банкарската гаранција поради неисполнување на обврските а приватниот партнер ФЦЛ Амбиенте да биде избришан од регистарската влошка во централниот регистар.

Градноначалникот Трајановски и инспекторатотот заедно со Министерството за животна средина да преземат чекори за постојан мониторинг на депонијата за да се расчистат сомнежите дека таму се складира и обработува сомнителен отпад.

Ова прашање е премногу сериозно и влијае на квалитетот на воздухот и здравјето на секој граѓанин. Затоа, наместо да застапува партиски или лични бизнис интереси, Советот мора да ги стави општите интереси и здравјето на граѓаните на прво место, бидејќи ниту воздухот ниту здравјето имаат политичка или социјална припадност“, изјави Драги Давчевски координатор на советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ