(ВИДЕО) Даскаловски: Власта да престане со собирањето арач и затворањето фирми по секоја цена

Од:

„Во ек на летна сезона, кога Струмица веќе седми ден ужива во богатата понуда на веќе традиционалниот “Струмица опен фестивал”, власта, испраќа инспекции придружувани од вооружени полицајци да затвораат кафулиња и ноќни клубови во Струмица.

Власта сака да ги казни струмичани. Тоа е повеќе од јасно. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Општина Струмица е најразвиената и најуспешната  општина во источна Македонија без трошка помош од централната власт“, изјави претседателот на општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Општина Струмица е европски град за пример.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните на Општина Струмица три пати по ред му ја даваат поддршката на Зоран Заев и на СДСМ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се 8 години на власт. Наспроти нивното пустошење, заканување и пљачкосување на државата, Општина Струмица 9 години ги испорачува посакуваните резултати.

„Струмица опен фестивал“ е вистински културно – забавен избор за струмичани и за цела Македонија.

Оваа репресија, ова измачување на сопствениот народ мора да престане“, рече Даскаловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?