(ВИДЕО) Даскаловски: Излегоа манипулациите, мнозинството предводено од СДСМ продoжува со развој на Струмица

Од:

Вчерашната прес конференција на Општинската организација на СДСМ, која ја одржавме како одговор на прес конференцијата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, рековме дека обидот за преземање на локалната власт во општина Струмица е плод на манипулација од невидени размери.

Еве, денес, само дваесеттина часови од вчерашните случувања, излезе дека потполно сме биле во право и дека манипулацијата која ја споменавме, бргу излезе на површина, рече на прес конференција Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица.

Денешната изјава на советникот од мнозинската советничка листа предводена од СДСМ, д-р Методи Витанов, го потврдува токму тоа, дека тој бил изманипулиран од раководството на ВМРО – Народна партија.

Општинската организација на СДСМ го поздравува денешниот чин на господинот Витанов и неговата решеност, доследно да ја испочитува волјата на граѓаните.

Со тоа, продолжува успешниот развој за доброто на општина Струмица и нејзините граѓани, развој кој го испишува мнозинството предводено од СДСМ, како вовед во нови успеси на наредните локални избори и продолжување на континуитетот на растеж на нашата заедничка општина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски