(ВИДЕО) Даница Павловска: ГТЦ е наш простор, референдумот ќе покаже колку сме свесни како граѓани

Од:

Ние имаме визија и сакаме овој објект да биде однегуван и обновен, но неговата автентичност да се задржи, рече Даница Павловска од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и поранешна претседателка на ААМ, на денешната прес конференција со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски каде беше најавено дека на 26-ти април ќе се одржи референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за изгледот на Градскиот трговски центар.

Референдумот беше идеја на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и беше предложен пред осум месеци. Павловска вели дека процесот за спас на комплексот трае веќе две години и дека до сега се собрани 4960 потписи на петицијата, а околу 5.000 граѓани ја дале нивната поддршка.

– ГТЦ е дел од духот и културата на ова место. Следен наш чекор е предлог да се изготви архитектонски проект за интервенција на објектот, но со научна базичност и восока стручност, низ кој ќе може да му се подобрат перформансите затоа што знаеме дека постои енергетска ефикасност и можни решенија кои можат да ја подобрат неговата суштина. Не отфрламе обнова или реконструкција на комплексот. Тој е наше секојдневие, реалност и наш простор – рече Павловска.

Референдумот е многу важен и најдемократски начин или форма, посочи таа. Во меѓувреме група на архитекти и членови на еснафот покрена иницијатива за прогласување на ГТЦ за културно наследство. Павловска посочи дека само така може да се гради иднината на овој комплекс и ги повика граѓаните да гласаат на референдумот.

– Очекуваме во поддршката да ни се приклучат невладини организации, здруженија и истомисленици. Во акцијата која би требало да следи ќе покажеме колку сме свесни – рече таа.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски