(ВИДЕО) Даница Павловска: Граѓаните се силата што може да го заштити ГТЦ

Од:

Граѓаните се силата која може да го зачува она што е културен живот на градот, рече Даница Павловска од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, на самиот почеток од денешната седница во Општина Центар каде се обрати како претставник од невладиниот сектор.

Иницијативата за референдум денеска се разгледуваше по барање на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и на група граѓански активисти. При тоа беше донесена одлука референдум да се одржи на 26-ти април.

Мислејќи на овој објект, Павловска рече дека претставува културно наследство и дека во неговата суштина се наоѓа животот и динамиката на градот.

Таа потсети на изминатите активности кои ги презедоа невладините организации за да се заштити автентничкиот изглед на објектот. До сега иницијативата „Го сакам ГТЦ“ организираше неколку протестни акции против намерите за негова барокизација, беа собрани илјадници потписи од граѓани поддржувачи, а пред Нова година се одржа последниот протест.

– Очекувавме стручната фела, оние кои го познаваат ГТЦ, дека ќе застанат зад него. Излегоа и граѓаните, ни се придружија во енормна бројка. Тоа не охрабри да продолжиме со процесот за зачувување на автентничноста на неговиот изглед. Ја имаме поддршката на граѓаните и таа е мотив повеќе да продолжиме. Немаме ништо против интервенцијата , но при тоа да се задржи неговата автентичност – рече Павловска.

Таа потсети на протестот што се одржа на Нова година кога на влезот од трговскиот центар се собраа стотици луѓе и покрај студеното време. Протестот беше испровоциран од најавите дека се подготвува план реконструкцијата на ГТЦ да ја финансира приватен инвеститор преку јавно приватно партнерство.

– За идниот приватен инвеститор е многу важно да знае колку им значи на граѓаните. Дека е повеќе улица отколку затворен простор, дека не е само стоковна куќа, туку дека ги поврзува реката и паркот. ГТЦ е суштински дел од она што значи живот на Скопје. Тој е идеално осмислен како комбинација од деловен, комерцијален и инфраструктурен простор. ГТЦ е егземплар, доаѓаат студенти и архитекти да го посетат овој уникат во регионот, неговиот значај е поголем од она што претставуваме како локална заедница – рече Павловска.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски