(ВИДЕО) Данев: Зголемувањето на платите ќе го подобри стандардот

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа измените на Законот за исплата на плати со кои се овозможи зголемување на платата во јавниот сектор за 4 отсто, бидејќи смета дека ќе им помогне на илјадници семејства, но и оти верува дека на овој начин ќе влијае на подобрување на животниот стандарт на граѓаните и зголемување на платите во останатите сектори во стопанството.

Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешната партиска прес-конференција во Центарот за комуникации, нагласувајќи дека од 2006 година платите во јавната администрација, образованието, културата, полицијата, армијата, здравството и други сектори континуирано беа зголемувани.

– Значајно е да се нагласи дека зголемените плати за 4 отсто што ќе ги земат вработените во јавниот сектор овој месец, се случува во период во кој можеме да забележиме тренд на намалување на платите скоро во сите земји од нашето опкружување, но и во Европа. Додека други земји ги намалуваат платите во здравството, образованието, културата, јавните служби и отпуштаат вработени, во Република Македонија платите се зголемуваат и континуирано се вршат кадровски доекипирања на институциите, истакна Данев.

Тој посочи дека зголемувањето на платите беше поздравено и предизвика позитивни реакции од граѓаните, но и од синдикатите во Македонија.
– Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ свесни сме дека зголемувањето на платите во јавната администрација претставува стимул и мотивација на вработените со што треба да се подобри попрофесионалното извршување на работните обврски. Ние како пратеници сме во секојдневна комуникација со граѓаните, ги слушаме нивните проблеми и забелешки, но исто така и нивната благодарност кога се работи за вакви и слични позитивни мерки, рече Данев.

Тој додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и во иднина, врз база на реалните можности и капацитети на државата, ќе продолжат да им излегуваат во пресрет на сите граѓани на Република Македонија.

– Свесни сме дека се уште треба да се работи за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Впрочем, тоа е процес кој никогаш не треба да запре. Заложбата и напорите за подобрување на животниот стандарт на граѓаните и понатаму ќе продолжи и како претставници на народот ќе се бориме за поквалитетен и подостоинствен живот на граѓаните на Република Македонија, нагласи Данев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО