Во новото издание на „360 степени“ на Алсат ТВ за лустрацијата дебатираа поранешниот член на Комисијата за верификација на фактите Чедомир Дамјановски и Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет.
Дамјановски, меѓу другото, обелодени дека во 2011 година претседателот на комисијата Томе Аџиев бил против лустрација на новинарката Јадранка Костова.