(ВИДЕО) Дали проблем за партиите беа мачките на Ванхауте или не им се допаднаа неговите предлози за реформи во медиумите

Од:

Пет новинарски организации ЗНМ, ССНМ, МИМ, Советот за етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии се здржија со цел да ги убедат одговорните да се направат реформи во медиумите пред изборите закажани за 5 јуни. Овие организации во петокот доставиле барање за средба со претседателот Иванов, претседателот на Собранието, Вељановски и со лидеритер на политичките партии потписници на договорот од Пржино.

– Како новинари сакаме да ја преземеме одговорноста да работиме заедно со сите заинтересирани институции да обезбедиме слободни и професионални медиуми, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Претседателот има важни надлежности во надворешната политика и се грижи за добриот имиџ на земјата во светот. Во индексот по слобода на медиуми на Репортери без граници и на Фридиом хаус, Македонија е во друштво на африканси земји.

– Сакаме да работиме со претседателот Македонија пред светот да ја легитимира како слободна и демократска земја. Македонскиот Устав гарантира слобода на изразување и слобода на медиуми. Собранието го донесува Уставот и се грижи постојано за доследно применување на неговите одредби. Од таму Собранието може да одигра поголема улога во напорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите во земјата. Од лидерите на четирите поголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, бараме објаснување зошто пропаднаа преговорите за медиумските реформи. Дали проблем за партиите беа мачките на европскиот посредник или пак не им се допаднаа неговите предлози за системски рефоми на медиумскиот систем, рече Селмани.

Овие лидери, како потписници на договорот од Пржино се обврза да спроведат сериозни реформи во медиумите. Без овие реформи, Македонија нема да има ни слободни, ниту веродостојни избори, а нема да излезе ниту од политичката криза.

Препораката на Европската комисија за започнување на преговори за членство е условена. Таа може да се повлече ако партии доследно не го спроведат договорот од Пржино и не ги реализираат ургентни реформи што се бараат од Европската унија.

– Инсистираме САД и ЕУ да бидат вклучени во разговорите како и досега и нивниот предлог, базиран врз нашите ставови, да биде основа околу кој ќе се бара решението. Нашите основни барање се забрана на владини реклами, МРТ и Агенцијата за медиуми да се ослободат од контролата на власта и да се обезбеди нивно стабилно финансирање, да се намалат обврските и казните за приватните медиуми и поголема транспарентност на институциите. Уште еднаш сакаме да ве увериме дека во борбата за слободни и професионални медиуми ќе бидеме доследни, истрајни и единствени, рече Селмани.

Одговарајќи на новинарски прашања, Селмани рече дека не сакаат да шпекулираат за изјавите дека е договорено да нема преговори за медиумите.

– Сакаме да ги слушнеме објаснувањата зошто преговорите завршија така како што завршија и да видиме како мислат да постапат. Земјата е сериозна криза и сакаме да помогнеме, но ние не сме полтичари и не можеме да ги замениме, како граѓански организации сакаме во оваа земја да се применат принципите на Уставот кој гарантира слобода на изразување и слобода на медиумите. Веруваме дека и тие сакаат Македонија да ја реши оваа криза и да ја задржиме препораката за ЕУ, рече Селмани.

Тука сме и да не молчиме, беше речено на прес конференцијата на петте медиумски организации

– Не заборавајте дека оваа премолчена пракса за манипулирање на јавноста и тргање од дневната агенда на проблемот со медиумите нема да помине со молчење на медиумските организации. Една од пораките што ги испраќаме е дека не дозволуваме да се тргне прашањето за системско решавање на проблемот со медиумската сфера, бидејќи тој не смее да биде игнориран, рече Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада