ВИДЕО: Дали попушта патентот на устите од човечињата кои се држеа за рака?

Од:

Гласачите од Пустец, или човечињата, како што ги нарекувaше поранешната министерка за внатрешни работи според СДСМ во еден од прислушуваните разговори кои ги објави, излегоа на површина. Она за што А1он многу пати пишуваше и сними видео материјал, се потврди.

Лица од Пустец, Албанија, со незаконски издадени лични карти беа сместени по 20, 30, а во некои станови и по 60 лица на една иста адреса. Некои од становите беа сопственост на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, некои во станови кои се во сопственост на државата.

Изборниот криминал беше најевидентен на локалните избори во Центар во 2013 година, кога власта не сакаше да се помири со поразот, но се провлекувал и низ други изборни циклуси. Изборниот фалсификат е дело кое не застарува.

На снимката од телефонскиот разговор, за кој лидерот на СДСМ посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер, слуша како се исмејуваат со гласачите од Пустец, се зборува дека гласањето во Центар е циркус Медрано и лудница. Во разговорот и се вели “човечињава за рака се држат, гласаат и патент на уста“.

Потсетување за жителите на Пустец кои не знаеја ни зошто и каде се донесени, збунети велеа дека живеат на улица Скопје, на улица Максимилијан Ѓорѓија, некои живееја кај кајсијата, За раче, со такси и автобуси, ги превезуваа до избирачките места, добиваа некој денар надоместок и ги враќаа назад. Многу од нив тврдеа дека живеат на “Максим Горки“ не знаејќи дека е таа улицата по која се движеа додека ги прашуваа новинарите.

Сега веќе и вработени во МВР признаа дека биле натерани незаконски да издаваат лични карти.

„Власта ги сместувала луѓето од Пустец во станови во државна сопственост! Направив проверка во избирачкиот список. Сите 424 лица со незаконски лични карти се наоѓаат во избирачкиот список, што значи им било овозможено да гласаат! Според нивните адреси, сите се гласачи во општина Центар.Направив проверка на едно избирачко место, по случаен избор. Во 2011 година ги нема во избирачкиот список. Избирачкиот список почнува да се полни со овие лица во 2013 година. Во 2014 година се надградува и проширува избирачкиот список со нови лица од Пустец кои гласаат во општина Центар. Кулминација на полнењето на избирачкиот список со лица од Пустец се случува во 2015 година. Сите, освен тројца во истото избирачко место се граѓани од Пустец. Ова покажува индиции за криминал во повеќе изборни циклуси“, изјави неодамна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Безживотно тело на млад маж со прострелна рана пронајдено е во штипско село

А1он

Ќерка тепала мајка во Гази Баба

А1он

Вработени во МВР им продавале тајни податоци на криминалци

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје