(ВИДЕО) Да не абортирам место мене одлучија доктор за стерилитет и социјален работник кого не сум го видела

Од:

Не можам да се помирам со фактот дека некој толку лесно може да донесе одлука во мое име, а јас да немам право на глас, одлуки кои допираат длабоко во мојот приватен живот и мојата интима. Мислам на пратениците кои ги плаќаме, а кои си земаат за право да одлучуваат за нашиот живот како ќе се одвива, вака го започна своето обраќање мајка која добила негативен одговор од второстепената комисија при Министерството за здравство по барањето за абортус.

Таа го претстави својот случај на денешната националната конференција „Законските ограничувања – безбеден и легален абортус“ во организација на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА.

В.И. побара да остане анонимна. Вели дека одлуката за неа ја донеле доктор за стерилитет и социјален работник кој никогаш не го видела. Побарала да разговара со членовите на Комисијата, но и било речено дека се недостапни и „поставени од горе“.

-Кога ќе поднесете барање до првостепената комсија ви кажуваат дека е чисто формално и ве препраќаат на второстепена комисија. Таму се соочувате со шок. Второстепената комисија е составена од два доктори и еден социјален работник. Вие не ги гледате, може седат во кафуле и таму ви ги потпишуваат документите со кои ви ја запечатуваат судбината. За три дена добив негативен одговор. Ден денес се прашувам тој социјален работник кого советуваше затоа што со мене не се сретна. Тоа не можам да си го објаснам. Жално е за мене, но и за господата пратеници кои додека се донесуваше законот не кажаа ни три збора – рече таа.

В.И. е една од многуте жени кои се соочиле со потешкотии да го исполнат своето право на избор поради законското решение што Собранието го донесе во јули 2013 година. Пред извесно време ХЕРА го сврте вниманието на еден бизарен случај каде жена со мртов фетус во утробата морала со денови да чека на абортус за да се запази рокот што го предвидува новата законска одредба.

ХЕРА посочуваат дека за ниедна медицинска интервнеција не е потребно одобрение, како што се бара за абортус.

Законот за спречување на абортусот беше донесен само неколку недели откако влезе во собраниска процедура. Административните пречки на кои укажуваат невладините, а кои го ограничуваат правото на жената, се состојат во: обврска да се поднесе писмено барање до здравствената установа, задолжително советување, три дена рок на чекање по советувањето, високи казни за лекарите.

Преку протести и акции во 2013 година невладините успеа да издејствуваат од Законот да се повлече обврската жената да го инфомира брачниот другар за своите намери и ексклузивното право на министерот за здравство да формира комисија за одлучување во 10-тата недела од бременоста.

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Индонезија: Полицијата ќе биде единствената која ќе го одобри правото на абортус за жртвите на силување

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови