ВИДЕО: Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно, Јакимовски за Мицкоски

Од:

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во видео порака објавена на социјалните мрежи одговара на обвинувањата од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски кажани на партиски собир.

„Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!, вели Јакимовски.

– Христијан Мицковски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпош ненајавен, исплашен и во паника. Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по телефон, кога лично ми ја даде поддршката. „Ме молеше. Ако треба и на колена ќе клекнам, само да ја имам вашата поддршка“ – тоа беа неговите зборови. Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари.“ Мицковски денес зборува за „бетонизација“ и „урбанистички планови“, а во првите триесет дена од мојот мандат немало ниту еден нов урбанистички план, затоа што општината беше со блокирана сметка. А и да му покажев план, што би разбрал од него? Тој лаже дека дошол да „честита“ победа. Вистината е дека дојде со список од 37 луѓе за вработување, бараше секретар на општината, директор на јавно претпријатие и на училиште, како и урбанистичка маркица за фирма блиска до негов пријател од „Гранит“. Сето тоа – надвор од било каков институционален ред и закон. Мицковски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда. Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката „Мајски цвет“. Иронијата е што пресудата ја донесе судијка што ВМРО-ДПМНЕ потоа ја унапреди во претседател на суд. „Четири пати дојде во мојата општина без ниедна конкретна понуда за граѓаните, освен што се занимаваше со мене. Тоа е крик на очајник и
губитник.“ Христијан Мицковски продолжува со лаги затоа што ја чувствува поразеноста, а Карпош одамна го препозна тоа лицемерие. Политика не се прави со закани, молби и лажни сведоштва – се прави со работа, визија и одговорност пред граѓаните, се вели во објавата од Јакимовски.

Мицкоски, вчера на маалски собир во Каропш зборуваче за Јакимовски.

„Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години, после прв круг на локалните избори дојде ненајавен исплашен во паника и нормално го примив, велам што е работата Стевче, вели те молам ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка. Јас го гледам и велам немој, непријатно ми е, сепак си човек во години не ти личи вакви работи, те молам седни на столчето, дај напиј се вода, ќе разговараме, да видиме како можеме да помогнеме, сепак сме коалиција, ние првиот круг победивме. Не, те молам пак ќе клекнам, што треба ќе направам, само да ме поддржите, вели народ може да те оправда, да те обели. Само народ може да ме обели да победам на избори и ништо не ми треба после. Велам Стевчо, имам едно барање до тебе сè друго те разбирам само те молам да нема бетонизација за Карпош, уморни се карпошани. Вели не ме интересира ништо само народ да ме обели. Заврши состанокот се вклучивме целото раководство во кампања, тој стана градоначалник. Поминаа неколку дена отидов да му честитам и ми вели дојди да ти покажам, една голема маса, кој била знае ги наредил сите детални урбанистички планови, 30 на ред и вика бирај, што да бирам му викам, па кои се за тебе. Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација. А вика не тоа, јас морам да живеам од нешто. Го погледнав, само му се заблагодарив, не му велам, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ истакна Мицкоски.

Стевчо Јакимовски ќе се бори за нов градоначалнички мандат в недела во вториот круг на локалните избори со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Слободан Лукровски. Лукровски во првиот круг освои 34,51 проценти или 10.284 глада, а Јакимовски имаше 29,40 проценти односно 8.761 глас.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

Уште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар

Мицкоски: Хаќим Рамадани откако ќе ги изгуби најпрво изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од позицијата

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува