(ВИДЕО) Цветаноски: Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар

Од:

Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар. Под притисок на СДСМ, на јавноста тие се повлекоа, Таравари најави дека ќе го поништи спорниот тендер со албанската компанија „Ѓока констракшн“, изјави Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМ.

„Но, јавноста и граѓаните веќе знаат дека постои основано сомнение целиот дил бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност. Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата на Мицкоски преку огласот на Министерството за здравство сама се согласила државата да се откаже од 99% од профитот и да добива само 1%.

Ова е основа за корупција и доказ дека дека се основани сомнежите дека огласот бил однапред правен токму за Ѓока Констракшн и на штета на граѓаните и пациентите. Дополнително, фактот што во огласот како квалификација се барало компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката, е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба била договарана, па затоа мора да се поведе постапка.

СДСМ бара итна и неотповиклива оставка од Таравари и целосна истрага од институциите. Ако ова остане без разрешница, повеќе од јасно е дека истото ќе се повтори со друга компанија и за секоја следна набавка. Јасно е дека оваа Влада, освен наместени тендери, нема интерес да работи нешто друго. Сите скандали што СДСМ ги објави досега потврдуваат дека постои сериозна тендерска мрежа со цел масовен грабеж и испумпување на буџетот кон приватни компании – рече Цветаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената