(ВИДЕО) Црвенковски: Бојкот на локалните избори, ако власта не организира фер предвремени избори

Од:

„Како веќе седум години во Македонија, а осум во Прилеп, една група на луѓе ја киднапира државата, сведоци сме како додека народот ни живее во беда, во сиромаштија тие ни ја задолжуваат државата секој ден, со нови кредити, а зашто?“, праша лидерот на СДСм пред илјадниците насобрани прилепчани на протестниот марш.

„За да си ги лечат фрустрациите и комплексите, за разноразни глупости за перење на пари, за скулптури и врби. Луѓето не можат ни леб да купат, а тие аздисуваат секој момент, седум години сме сведоци како владеат со овој народ со страв со притисоци, со закани со притисоци, партизиираат се живо, сите државни институции, државната администрација, судството е партизирано, денеска книшките од основно и средно не се битни, туку битни се партиските книшки“, рече Црвенковски.

Она, рече, што мене најмногу ме иритира е тоа што не сметаат за наивни и будали. Тоа што се случи на 24. е најниското дно на сето она што ни се случуваше во изминативе седум години. Со полициски сили, силеџиски ги претепаа и новинарите и пратениците!

„Кога ќе ги слушам како се јунаци и херои, а со полиција на жени удрија, тоа ли се нашите херои??? Погледнете ги како овие денови даваат лицемерни изјави, со кои не повикуваат да се вратиме во парламент, за да продолжел демократскиот дијалог, ниту дијалог постоел, ниту демократија постоела. Ние во тој парламент не се враќаме додека не се организираат демократски фер парламентарни избори, во Прилеп веќе изборите ни се добиени“, порача Црвенковски.

И го праша Груевски:

Ако си толку сигурен дека ја имаш поддршката од народот, ако си толку сигурен дека твоите политики се правилни, ако си толку сигурен дека анкетите на твоите телевизии се точни, ајде Никола да одиме на избори, и парламентарни и локални во еден ден!, порача лидерот на опозицијата Црвенковски. Повеќе во видеото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски