(ВИДЕО) Црн понеделник: Македонија не смее да ја заборави Вартоломејската ноќ

Од:

Секој Французин мора да ја заборави Вартоломејската ноќ и колежите на катарите во Јужна Франција во 13. Век порачуваше Ернст Ренан во „Што е нацијата“, во 1882 година. Но дали Македонија треба и може да го заборави 24. Декември, македонската Вартоломејска ноќ?

Сите настаните од тој понеделник се пресликани во детали во книгата „Црн понеделник“, која не случајно е темна, со црни корици, со еден прозорец во црвено каде се сугерира каде да се бара одговорноста.

Книгата, која е дело на Фондацијата Отворено Општество и Владимир Милчин, во уредништво на Виолета Глигороска, збогатена со впечатливи фотографии од Ванчо Џамбаски, беше промовирана во „Холидеј Ин“ на дебатата „Црниот понеделник и по него“, каде воведничари промотори беа професорот по уставно право во пензија, Светомир Шкариќ, пратеничката и поранешна вицепремиерка Радмила Шекеринска и новинарот Љубиша Николовски.

Книгата според Владимир Милчин е придонес кон будењето на Македонија во која никогаш повеќе на смее да се случуваат црни понеделници, неказнето да се гази Уставот, да се силува демократијата, да се понижат институциите.

crn-ponedelnik-promocija11

Македонија се буди од седумгодишната опиеност со „преродбата“, стравот се топи, вчерашниот шепот се претвора во гласност. Денес, граѓаните одбиваат во името на националното единство по урнекот на Груевски да заборават кој и како владее со нив и бараат одговорност за злоупотребите на власта“, пишува во предговорот на книгата.

Книгата говори за тоа дека никогаш никаде не се случило цела опозиција да биде исфрлена од Собранието по нарачка на извршната власт. Тоа беше македонската Вартоломејска ноќ, која ја воведе земјата во длабока политичка криза. Книгата се занимава со целата ситуација околу носењето на буџетот но и безбројните манипулации како таа дека буџетот морал да се донесе до 31. Декември.

Професорот по уставно право во пензија Светомир Шкариќ порача Вартоломејската ноќ да не се повтори во Македонија, што беше преврат во правната регулатива рамен на државен удар. 24. декември го поврза со Вартоломејската ноќ кога се случи масакрот во Франција на 24. Август. Според него, на 24. декември во Македонија беше извршен масакр врз опозицијата, со виткање раце, влечење, лелекање.

svetomir-skaric-promocija 1

Шкариќ верува дека уметниците ќе ја овековечат Вартоломејската ноќ во Македонија. Ги повика писателите да слезат кај демонстрантите, како што Виктор Иго знаел да го ослушува гласот на народот. Повика поетите да се подучат од Шарл Бодлер кој собрал храброст и излегол на барикадите.

-Најмногу рече треба да се разбудат правниците, зашто според него, не се прекршени само 10 члена на Уставот, туку и низа одредби.

-Нашите закони станаа партиски закони, дерогирано е правото, згазен е уставниот поредок од тие што ги исфрлија новинарите и пратениците, прекршена е европската конвенција, што не враќа назад во времето на француската револуција, рече тој.

Шкариќ посочи дека авторот на книгата регистрирал една изјава на пратеник на мнозинството

„Понеделник беше лош ден за Македонија, но сигурно ќе беше полош ако не се донесеше буџетот“, ја цитираше професорот Шкариќ изјавата и додаде:

-Тоа е изјава на еден пратеник на кој за жал јас сум виновен што сеуште не дипломирал.

Поранешната вицепремиерка за европски прашања и пратеничка, Радмила Шеќеринска кажа дека ударот на 24. декември не е удар против СДСМ, ниту против опозиција, тоа според неа е удар врз демократија во Македонија.

Тоа е понеделникот кога паднаа маските за сето она што се случуваше сите овие седум години. Добро е што маските паднаа, рече Шекеринска, зашто сега знаеме со кого имаме работа.

-Во сето лошо има нешто добро, овој понеделник направи рендген снимка на нашето општество, рече Шекеринска.

ljubisa-nikolovski (2)

Новинарот Љубиша Николовски истакна дека 24. Декември беше трет црн понеделник за него. Првиот му се случил кога бил тргнат од емисија со доагањето на оваа власт во МТВ. Потоа со затворањето на А1 телевизија кога повторно останал на улица поради оваа власт. Трет пат во Собранието на 24. декември кога беше истеран со сила заедно со останатите новинари.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште