ВИДЕО: Чочеци во судот

Од:

Додека во Основниот суд Скопје 1 се решаваа човечки судбини, дел од вработените денеска скокаа на турбо фолк музика.

На првиот кат од задниот влез се играше за крајот на „успешната година“. Иако и оваа година и не е баш за скокање и веселба во судството.

Ќе остане запаметена по политичката селективност, некои предмети не беа извадени од фиока, некои експресно се туркаа и имаа завршница како што била нарачана. Некои имаа судската завршница, но поради блискоста со власта се прогласија за застарени. Противниците пак на власта секогаш ја добиваат ефикасната казна.

Денска уште еднаш се судеше со заштитен сведок, заштитниот знак на ова судство кога сака да осуди некого. Како инаку да се напредува во судството?

Откако дел од вработените видоа дека некој ги снима, за момент застанаа, ги повлекоа ролетните и продолжија со играта. Среќна Нова..

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ