ВИДЕО: Членството на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за промени и демократизација на партијата

Од:

Долгогодишни членови на ВМРО-ДПМНЕ, интелектуалци и млади сили од партијата од прес конференција упатија јавен повик за внатрешна демократизација. Тие го повикаа целото членство да се приклучи на иницијативата, а упатија и повик кон сите стари членови кои беа исклучувани од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат назад. Според иницијаторите, ова не е внатрешна борба за власт, туку за демократизација и враќање на силата на партијата кај обичното членство.

-Ова е почеток на внатрепартиската иницијатива во ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разбуди свеста за реформи на сите нивоа и да се врати партијата на членовите. Зад иницијатива стојат над илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ. Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДППМНЕ бара прв чекор да биде измена на Статутот. Решението на состојбите се наоѓа во партијата, и единствениот пат за враќање на власт е демократизацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е обид за разнебитување на партијата , туку таа да се врати кај членовите. ВМРО-ДПМНЕ мора да стане најсилна партија и да се врати на власт, рече еден од иницијаторите Александар Михајлоскки, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика никогаш повеќе да не се дојде до ситуација моќта во партијата да се централизира на едно место.

-Начинот на кој функционира ВМРО-ДПМНЕ мора да се смени, силата извира од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вие членовите на ВМРО-ДПМНЕ сте силата на партијата, треба сите заедно да бидеме свесни дека без суштинска демократизација секоја следна победа ќе биде пораз. Ве повикуваме масовно да не поддржите за враќање на партијата во рацете на членовите. Оваа иницијатива не е за некого или против некого, ова е само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ да можат демократски да ги избираат своите лидери, рече Александар Михајлоски.

Тој кажа дека се надева и Никола Груевски дека ќе ја прифати иницијативата за демократизација на партијата.

Статутот на ВМРО-ДПМНЕ еволуирал низ годините, а во моментот статутот е целосно недомократски и ние сакаме да го смениме, во кој ќе биде определена одговорноста и задачите на сите партиски функционери, рече Михајловски и најави нови активности за што поголема мобилизација на членството.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања