ВИДЕО: „Чичко Стоилко“ хранеше десет фамилии сега сите остануваме на улица“

Од:

Нема да дозволиме да се уништи брендот „Чичко Стоилко“, но ни е криво што мораше да си одиме вака. Сопственичка на оваа скопска сендвичарница крајно вознемирена разочарана и револтирана праша како ќе продолжат да живеат сега, кога сендвичарницата е единствениот прилив на пари за нејзиното семејство но и за вработените кои се лојални повеќе од 30 години.

Лузена Павловска, заедно со вработените кои постојано ја тешеа гледаа како објектот кој ги прехрануваше се урива пред нивни очи.

„Ќе продолжиме со традицијата, мора поради татко ми. Револтирани сме, имаме многу вработени кои ќе останат без работа и што ќе прават додека се снајдат? Сите чекавме од оваа сендвичарница. Ни е криво што ова се направи баш вака“, рече сопственичката Лузена Павловска.

Незадоволството не го криеjа ниту случајните минувачи кои видоа дека „Чичко Стоилко“ се урива. Велат дека пораснале со нивните сендвичи.

„Од оваа трафика живееа на син му децата. Погина син му, погина ќерка му, останаа четири деца сираци, од што ќе жиеват?“

Сендвичарниците на ГТЦ му плаќале месечен надоместок, но директорот Аго Абазовски објасни дека уривањето не е под нивна ингеренција и дека одлуката била оддамна донесена само се пролонгирала.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар