(ВИДЕО) Чедо Николовски од СДУ: Малите партии или се со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на Социјал-демократската унија, Чедо Николовски, по преминувањето на неговата партија од колацијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во СДСМ, изјави дека малите партиите се или на едната или на другата страна затоа што во спротивно се губат од политичката сцена. Николовски вели дека најавата за напуштање на колацијата на Груевски доаѓа по настаните од 27 април, кога, како што тврди тој, СДУ јасно кажала дека не ги поддржува настаните што се случија во Собранието.

„Пред локалните избори влеговме во коалицијата на Зоран Заев на барање на поголемиот дел од членството на партијата. Знаете како е кај нас, или си со едните или си со другите, бидејќи граѓаните кај нас сè уште не гласаат за малите партии, без разлика каков кадар за градоначалник или советник ќе понудат на изборите.За жал, тие сè уште избираат црно или бело, или ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, бидејќи сметаат дека гласот за малата партија е фрлен во ветер“, додава Николовски.

СДУ, иако е мала партија, смета дека нејзините гласови ќе бидат одлучувачки за изборот на градоначалници во Бутел и Ѓорче Петров.

На крајот, Николовски додаде дека нивните односи со ВМРО-ДПМНЕ се доста коректни и дека заминувањето од колацијата било во пријателска атмосфера.

Г.Д.М.

Би можело да ве интересира

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Николовски: 2024 е година на зголемена поддршка во сточарството, креиравме нови мерки според потребите на сточарите

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина

Николовски: Нови 20 милиони евра поддршка за земјоделците до крајот на годината

Министерот Николовски ги додели договорите за поддршка на планските региони – 6,1 милиони денари за подобрување на пристапот до обработливи површини

Горан Наумовски