(ВИДЕО) Чаусидис: Протестираме против бруталноста и силата кон медиумските работници

Од:

Новинарите денеска го искажаа својот револт заради притворањето на новинарот Томислав Кежаровски. Протестот се одржа пред Основниот суд 1, а се потпишуваше и петиција која ќе се достави до цудот за повлекување на изречената мерка притвор.

Нашиот колега беше брутално уапсен во присуство на семејството за текст напишан пред пет години, рече Тамара Чусидис.

„Неговото пишување беше сосема професионално, а тој е уапсен и задржан во притвор за да се открие изворот на информациите“, изјави таа, додавајќи дека според Уставот на РМ изворот на информациите е гарантирано право за сите кои пишуваат во медиумите.

Протестираме заради бруталноста и силата кои постојано се демонстрираат врз медимуските работници, порача Чаусидис.

„Дојдовме тука и да побараме одговори за прашања кои сеуште се неодговорени, за трагичната смрт на нашиот колега Никола Младенов“, рече Чаусидис.

За ова институциите молчат, а за текст напишан пред 5 години апсат со специјалци, заклучи таа.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска