(ВИДЕО) Чаусидис: Новинари со закани се зачленуваат во квази синдикатот

Од:

Квази синдикатот кој е создаден под закани дека некому ќе му се намали платата или нема да му се продолжи договорот е формиран бидејќи во предлогот на медијаторот Питер Ванхауте се споменува можност една од препораките да доаѓа од синдикат на новинари, смета претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис.

– Имаме информации од наши колеги дека во некои медиуми се давале пристапници за некаков нов синдикат што само по себе не би било спорно, она што е спорно што тие пристапници некаде се даваат со уцена или со ветување дека сопственикот ќе ја плаќа чланарината што е нон сенс и што говори за мотивите за формирање на таква една организација по теркот на ЗНМ, има една таква огледална организација која повеќе е релативизирање на позициите на ЗНМ, вели Чаусидис.

Таа вели дека Самојстониот синдикат се радува на плурализам, но не со синдикат кој е создаден под закани.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма