(ВИДЕО) Чаусидис: Ќе продолжиме да се бориме за Кежаровски

Од:

Новинарите од пред Апелацискиот суд порачаа дека Томислав Кежаровски мора да биде ослободен.

Тој рано утрово беше пуштен од истражниот затвор Шутка каде беше однесен доцна навечер во петокот.

Претседателката на синдикатот на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис порача дека на колегата Кежаровски очигледно не му се суди според основните начела на принципиелен процес туку на сила и со притисоци.

„На силата може да одговориме со правда. Нема да се откажеме, продолжуваме затоа што тоа му го должиме не само на Кежаровски. Тој во 2008-ма напиша текст за случајот Ореше и ништо не му фалеше. Пет години подоцна пишуваше за сммрта на Никола Младенов и време е да ги именуваме работите со вистинско име. Кежаровски напиша и истражи дека нешто не е во ред со истрагата за Младенов и од тогаш бел ден не виде. Го затворија како што ја затворија и истрагата за Малденов со кикотење. Кежаровски на себе го зема товарот да го брани достоинството на новинарите да истражуваат и откриваат. Ќе продолжиме да се бориме за Кежаровски за Младенов и за сите замолчени и понижени новинари зашто тоа им го должиме на граѓаните зашто ние сме нивниот глас“, рече Тамара Чаусидис.

Новинарите на власта и на судот му порачаа дека не прифаќаат калкулации зашто Кежаровски е невин.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ