(ВИДЕО) Чакароски: Алармантно на Кардиологија, немаат ни апарати за кислород!

Од:

„Тука сум да укажам, алармантна е состојбата на Клиниката за кардиологија!

Додека Груевски и Тодоров глумат по телевизии, овде во оваа Клиника, за пациентите оперирани од срце нема апарати за кислород!

Апарати за кислород, според информации од лекарски и медицински персонал, нема НА НИТУ ЕДНО ОДДЕЛЕНИЕ! Има само на Интензивна нега. Вработените се вознемирени бидејки на одговорност им се пациенти за чие евентуално нарушено здравје тие ќе треба да одговараат.

Не работат апаратите за ЕКГ по одделенијата каде што лежат пациентите!

Нема ни колички за пренесување на оперираните пациенти и оние кои се неподвижни.

Еве погледнете на што се пренесуваат. На нестабилни искршени столчиња, лепени со фластер, коишто се инаку за друга намена, а не за пренесување пациенти.

Зошто е состојбата таква покажува овој документ за побарана медицинска опрема на Кардиологија.

Погледнете што бил одговорот од Министерството за финансии: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот!

Сето ова ги покажува лицемерните, штетни тендер политики на Груевски и Тодоров во здрвството, кои го уништија здравјето на многу граѓани.

Почитувани граѓани, ова безобразие на неодговорната власт на Груевски завршува на 11 декември. Еден од врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ ќе бидат здравјето и потребите на граѓаните на Република Македонија“, изјави Гоце Чакаровски, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки