(ВИДЕО) Царовска: Преку Митревски, власта изврши нов удар врз синдикатот

Од:

„Последните настани на синдикалната сцена во Македонија дополнително го разнебитуваат синдикалното организирање. Тоа е на директна штета на работниците и борбата за нивните работнички права.

Ударот врз синдикалното движење, со исклучувањето на Мултиетничкиот синдикат за образование, доаѓа по налог на првиот човек на ССМ“, рече на денешната прес конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„Живко Митревски е добро познат на јавноста како човек којшто власта во заминување го држи со неколку функционерски месечни приходи. Само за да ги аминува штетните закони со коишто им се намалуваат правата на работниците и се влошува нивната положба.

Овој синдикален лидер, срамно, со власта ја договори минималната плата којашто од 2016-та година треба да достигне едвај 10.080 денари со што ги остави работниците во сиромаштија.

Овој синдикален лидер го аминуваше Законот за безбедност при работа со што работниците незаштитени работат по секакви временски услови.

Законот за работни односи со секоја негова измена и дополнување ги ограничува правата на работниците, а ги засилува правата на работодавачите.

Власта во заминување очигледно ја користи секоја можност да ги спречи критиките за штетите коишто ги предизвикува, особено врз работниците.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како партија којашто ја поддржува и верува во слободата и независноста на синдикалните движења, секогаш ќе реагира кога се загрозуваат интересите на работниците и нивните права и слободи.

Синдикатот мора да се ослободи од политичко влијание на власта и да се обезбеди целосна независност на синдикалните движења.

Никој не смее да забрани синдикатите да соработуваат со здруженија на граѓани и организации во одбрана на интересите на работниците“, изјави Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел