(ВИДЕО) Царовска: Груевски да ги повлече законите за хонорарците

Од:

Бараме власта на Никола Груевски да не манипулира со законите што ги кратат хонорарите, со цел задоволување на дневно политички потреби и да го повлечат пакетот закони кои директно удираат по егзистенцијата на граѓаните, рече Мила Царовска, претседателка на Kомисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Колку e неискрена власта на Груевски со граѓаните говори фактот што направија измени на измените на пакетот закони за хонорарци уште пред да почнат да ги спроведуваат, а пред само неколку месеци истиот тој пакет на закони од петни жили го бранеа.

Укажуваме дека новоизгласаните измени и дополнувања не менуваат ништо за граѓаните кои се невработени и оние кои и онака земаат минимални хонорари. Тие иако ќе плаќаат придонеси, со што ќе им се одзема од хонорарот, сепак нема да ги уживаат правата од Законот за работни односи (одмор, боледување, К-15….)

Доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ навистина сакаа да ги заштитат невработените граѓани и оние кои со години работат, а не се социјално и здравствено осигурени тогаш ќе предложеа задолжителна трансформација на сите хонорарни договори во договори за редовен работен однос, токму како што тоа наводно ќе го направат за 3.000 вработувања во јавната и државна администрација.

СДСМ предлага авторскиот договор, договор на дело или друг вид на договор склучен со невработени лица кои во континуитет се ангажирани повеќе од една година од страна на исто правно лице, да мора да бидат трансформирани во договори за редовен работен однос.

За да не дојде до злоупотреба на оваа мерка, правното лице ако го прекине авторскиот договор / договорот за дело, да не може да склучи нов договор со друго лице за истата работна обврска.

Ова е мерка со којашто ќе се намали можноста за долгогодишно хонорарно ангажирање на невработените, без да се обезбеди социјална сигурност.

Хонорарно ангажираните ќе ги добијат правата на вработени и притоа нема да бидат егзистенцијално оштетени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада