(ВИДЕО) Царовска: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста со заговарање за поништување на Договорот од Преспа

Од:

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска денеска на прес-конференција ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски дека продолжуваат да ја замајуваат јавноста заговарајќи укинување, поништување или ревидирање на Договорот од Преспа.

-Договорот од Преспа значи просперитет за државата, а заговарачите против него не си ја сакаат државата. Укинувањето што го најавува ВМРО-ДПМНЕ значи укинување на нашето членство во НАТО, изгубени милијарди евра странски инвестиции, спречување на економскиот развој и осиромашување на граѓаните, рече Царовска додавајќи дека без Договорот од Преспа нема перспектива во ЕУ за нас.

Според неа, фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да заговараат укинување на Договорот од Преспа е јасен показател дека не ја гледаат нашата држава во НАТО и ЕУ и не се заинтересирани за развој на економијата и овозможување на подобра иднина за младите.

На прес-конференцијата таа потсети на искуството со ембаргото и блокадите од Грција, но исто така потенцира дека лани Грција стана наш трет стратешки партнер во трговската размена со вкупна вредност од една милијарда американски долари, а солунското пристаниште ни е главната врска со светот од која сме економски зависни.

Во однос на почитувањето на Договорот од Преспа, Царовска рече дека најновото замајување е од техничката министерка за труд и социјална политика, која, како што кажа, „глуми дека го враќа поранешното уставно име, иако потпиша „ќе го почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он