(ВИДЕО) Цаневска: Не сум копиле и платеник, јас сум новинар!

Од:

Пред прилепчани вечерва се обрати новинарот Катерина Цаневска Арсовска, која рече дека е новинар, а не копиле и нечиј платеник, како што дел од новинарите лепат етикети.

„На почетокот, бидејќи се во мода извинувањата, за секој случај, сакам да упатам едно јавно извинување до таткото на нацијата зошто мораше да изрази жалење за исфрлањето на новинарите.

На првиот меѓу еднаквите, спикерот Трајко Вељаноски, рече, извинување, затоа што дел од „клетите новинари“ не го го послушале обезбедувањето на Собранието кое убаво ги „замолило“ да ја напуштат ложата. Да го замолам, рече, за извинување бидејќи , од замолувањто , добивме модрици.

„Се извинувам што не се ангажиравме навреме во Собранието да обезбедиме маникир за ноктите на пратениците, посебно за некој што прилепчани ги навреди дека се мајмуни. Сакам нормално да му се извинам на премиерот, бидејќи не се научив до сега да поставувам и читам нарачани прашања. Највеќе сакам да се извинам, бидејќи поради „копилињата“, како што не нарече во колумна еден новинар, Македонија паднала на 116 место по слобода медиумите според Извештајот на „Репортери без граници“. Да им се извинам, бидејќи, за разлика, од нив, го прочитав извештајот во кој стои, дека оценката и падот за цели 22 места за една година е поради обидот на Парлаентот да ја цензурира демократијата, злопотребата на реклами по медиумите. Да и се извинам и на некоја колешка од Сител, на која не и го знам ниту името, а која, кутра мораше да го чита вчерашниот коментар  и да ја прашам дали знае дека, за жал, во овој извештај не е влезено „замолувањето“ на новинарите да ја напуштат галеријата“, рече Цаневска Арсовска.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ