• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Бучковски ќе бил на конференција за референдумот во Софија и побара да се одложи рочиштето за тенковските делови

by А1он14/09/2018 - 10:4414/09/2018 - 15:53892
Share0

Во кривичниот суд во Скопје денеска беше одложено судењето за тенковски делови за експремиерот Владо Бучковски, поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски и за уште неколкумина вработени во Министерството за одбрана и директорот на „МЗТ ФОП“.

Добивај вести на вибер

Денешното рочиште беше одложено бидејќи не дојде Трајче Китановски, адвокат на Методи Стамболиски, оти бил на друго судење. Обвинетиот не прифати да го застапува друг адвокат и инсистираше тоа да биде неговиот.

Владо Бучковски побара да се одложи и следното рочиште на 20 септември, бидејќи бил поканет да присуствува на научна конференција која ќе се одржи во Софија, Р. Бугарија од 19 до 21 септември, за тема поврзана со претстојниот референдум во Македонија. На судот му ја достави и поканата на бугарски јазик и барање за отсуство заведено од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Обвинетиот Нелко Менкиновски, пак, замоли да нема рочиште до 1 до 10 октомври, бидејќи бил водач на туристичка тура.

Обвинителот не реагираше на барањата за подоцнежно закажување на рочиштата. Судијката Даниела Алексова Стојановска закажа 3 рочишта, од кои првото следно е на 6 ноември.

Врховниот суд во 2016 година го прифати барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Тенковски делови“ и по извршената ревизија ги укина претходно донесените пресуди и наложи судската постапка да се врати од почеток.

Случајот датира од 2001 година, кога Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата „МЗТ ФОП“ нарачале резервни делови за тенковите „Т 55“.

Шест години подоцна Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе постапка. Обвинителството, во јули 2007 година, излезе со обвинителен акт со кој се тврдеше дека Бучковски и Стамболиски ги злоупотребиле нивните позиции и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од приближно 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра.

Васко Маглешов

buckobuckovskitenkovski delovi

Би можело да ве интересира

Бучковски: Решението е во Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија

Катерина Ѓуровски12/05/2021 - 09:55

Ќучук и Бучковски: Ѕидовите немаат место во нашите односи

Катерина Ѓуровски30/01/2021 - 21:19

Бучковски се сретна со Захариева

Жарко Настоски11/01/2021 - 19:1411/01/2021 - 20:05

Каракачанов: Бучковски има добра волја, но немаат тие што го испраќаат

Катерина Ѓуровски11/01/2021 - 13:5311/01/2021 - 14:03

ВИДЕО: Бучковски во Софија со нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија

Катерина Ѓуровски10/12/2020 - 17:5711/12/2020 - 07:53

Бучковски: Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева

Катерина Ѓуровски09/12/2020 - 15:3809/12/2020 - 16:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен