Ќучук и Бучковски: Ѕидовите немаат место во нашите односи

Од:

Европратеникот Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија, Владо Бучковски, на денешната средба во Софија размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Според Ќучук, на Македонија и е потребна политичка стабилност и силна проевропска агенда што ќе обезбеди продолжување на процесот на евроинтеграција.

-Треба да се врати довербата во договорот за добрососедство. Само преку неа можеме да изградиме долгорочно разбирање и пријателство. Клучот за успешни добрососедски односи е да се изградат заеднички инфраструктурни, образовни и културни проекти што ги поврзуваат двете земји. Убеден сум дека многу наскоро владите на Бугарија и Северна Македонија ќе му свртат грб на национализмот и ќе се ангажираат во конструктивни преговори, бидејќи ѕидовите немаат место во нашите односи, смета тој.

Европратеникот Ќучук го уверил Бучковски дека, како постојан известувач на Европскиот парламент, тој ќе продолжи да работи за создавање план за соработка меѓу двете земји, кој ќе има конкретни цели и програма за надминување на отворените билатерални прашања, што ќе овозможи официјално да започнат преговори за пристапување во ЕУ.

Двајцата се согласиле и околу идејата за создавање заеднички медиумски проекти кои ќе стават крај на лажните вести и националистичката реторика.

-Бидејќи сме најблиски, многу малку знаеме за другиот. Многу често се расправаме за работи што се во минатото, но во исто време се предмет на шпекулации од медиумите. Затоа, создавањето заеднички медиумски проекти, што ќе стават крај на лажните вести и на националистичката реторика, ќе биде од фундаментално значење за надминување на нашите разлики, изјавил Ќучук по средбата.

Би можело да ве интересира

Европа мора да го бара својот нов лик, вели Ќучук, известувачот на ЕП за Западен Балкан

Жарко Настоски

Бугарскиот европратеник Ќучук избран за прв човек на европските либерали

Жарко Настоски

Бучковски: Решението е во Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија

Средба Маричиќ-Ќучук пред утрeшното гласање на резулоцијата за Северна Македонија

Заев-Борисов: Во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме заедничката иднина во ЕУ

Катерина Павлова-Николовска

Ќучук: Во Европскиот парламент усвоен извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, откако е постигнат компромис

Жарко Настоски