(ВИДЕО) Бубо Каров до МРТ: Ако водачот Ви го бутнал исчекорете напред за да се ослободите

Од:

На денешниот протест пред МРТ пред граѓаните зборуваше и познатиот комичар Љупчо Бубо Каров кој на оние што му се потчиниле на режимот им препорача формула како да се ослободат.

Тој ги охрабри новинарите и уредниците во МРТ да отстапат напред доколку некој ги држи во нивна контрола.

– Ако вашиот водач ви го бутне во газ, и вие имате к.. и тој им к.. Исто е ама не е исто. За да не се чувствувате така, охрабрете се и направете исчекор напред, автоматски ќе се ослободите – рече Бубо Каров кој се колебаше дали да им го порача ова на уредниците на МРТ, но се одлучил по режимската азбука која ја изрецитираа актерите пред него.

Тој јавно побара од одговорните во Македонска радио телевизија да издвојат еден или два саати неделно од програмата на јавниот сервис. Овој мал простор ќе биде наменет за емисија насловена како „Исто е ама не е исто“.

– Можеби имаме различно мислење за многу работи, но тоа не значи дека не треба да се бориме заедно за она што е основа на демократијата – им порача тој на граѓаните по многуте реакции за одредени ставови на генералот, Стојанче Ангелов.

Би можело да ве интересира

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

37 кандидати се пријавиле на конкурсот за членови на Програмскиот совет на МРТ

Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Катерина Ѓуровски

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат