„Почитувани граѓани, промените кои ја зафатија цела Македонија неминовно ќе се случат и во нашата општина.
Заврши времето на уназадување и криминално функционирање во Гази Баба на една мала група луѓе кои ја узурпираа општината изминатите години.
Денес, се наоѓаме на местото каде што требаше да биде добро познатата милионска инвестиција Космос, кој беше разрушен како резултат на политичка одмазда од страна на Никола Груевски и Тони Трајковски.
Специјалното јавно обвинителство врз основа на сознанијата има покренато обвинителен акт против сторителите и во иднина се очекува и судска завршница на овој случај познат како ТНТ. Тони Трајковски, на кој од страна на судот му беше одземен пасошот, бескрупулозно и без трошка срам и совест повторно ја бара поддршката од граѓаните.
Трајковски се водеше исклучиво од интересите на сопствената партија ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што ништо не направи за граѓаните, со злоупотреба на својата положба го рушеше и тоа што некој друг го градеше.
Човекот кој сите овие години не мрдна со прст за општината и нејзините граѓани ќе биде испратен во политичката историја и запаметен како најнеспособен градоначалник кој некогаш го имала нашата општина.
Почитувани, дојде времето кога луѓе од калибарот на осомничениот Тони Трајковски не смеат да бидат дел од локалната власт во општина Гази Баба.
Во првиот изборен круг граѓаните го поразија, но неговото дефинитивно заминување од градоначалничката позиција граѓаните ќе го потврдат на 29-ти октомври. Одговорно се обврзавме дека ќе има живот за сите во Гази Баба“, изјави Милица Бубало, носител на советничка листа во општина Гази Баба.