(ВИДЕО) Божиновски: Законот за отпис на долговите на општините смрди на корупција

Од:

„Законот за отпис на долговите на општините изгласан од црната власт на СДСМ смрди на корупција. Веќе подолг период се говори дека владата со ваквото законско решение отвора можност за поделба на 50 – 50 на парите од камата, на која отпаѓа голем дел од долгот на единиците на локалната самоуправа.

Со овој закон, Владата 90 милиони евра неискористени средства предвидени за капитални инвестиции ги пренаменува, а од нив од тие 90 милиони евра, 50 милиони ги префрла на општините за покривање на долговите“, рече Игор Божиновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Парите ќе се делат под исклучително сомнителна методологија и субјективен критериум. Од друга страна, на овој начин се покрива неспособноста, лошото менаџирање и лошото недомаќинско работење на градоначалниците во општините. Од материјалите коишто се доставени од Владата се гледа дека најлошо менаџирале или најнедомаќински работеле градоначалниците на општините Куманово, Охрид и Тетово.

Општините каде што СДСМ подолг период раководел имаат најголеми доглови, со тоа јасно се гледа дека градоначалниците немаат визија и идеја како да раководат со нивните локални самоуправи и како да ги решаваат проблемите на граѓаните, но и да ги реализираат дадените ветувања, посебно во општините како Куманово, каде што во континуитет се на власт кадрите на СДСМ. Наместо да ги намалуваат обврските, тие ги трупаат, а сето тоа сега ќе биде покриено со парите од граѓаните.

Ова е лош пример за тоа како треба да работат градоначалниците во иднина и на овој начин се поттикнуваат и поддржуваат да продолжат да работат недомаќински, да ги трошат средства од буџетот на општината за што треба и за што не треба, а на крајот на денот државата да им ги подмири обврските, да ја заталашка нивната неспособност.

ВМРО-ДПМНЕ со исклучително внимание ќе го следи процесот на менаџирањето на доделените државни пари од страна на државата, градоначалниците, како и законски предвидениот процес на преговори на градоначалниците со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските на општината, преку откажување на каматните побарувања од страна на доверителите. Преговорите, повторуваме мора да бидат водени совесно, домаќински и транспарентно, без обиди за манипулација, изигрување на законската регулатива или, во најлош случај, слевање на каматните побарувања на партиските сметки. Повторуваме, процесот ќе биде мониториран и наведената постапка ќе подлежи на ревизија“, изјави Игор Божиновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ почна постапка за избор на нов претседател, во игра се повеќе кандидати

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Преговорите за новата Влада ќе завршат во следните неколку дена

Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Предраг Петровиќ