(ВИДЕО) Божиновски: СДСМ издава објекти кои се во сопственост на државата

Од:

„Имаме случај каде сомневањата се дека СДСМ, Сојуз на борци на НОВ и Сојуз на синдикати на Македонија во Куманово изнајмуваат на правни субјекти, имот кој е во сопственост на Република Македонија и кириите ги собираат во сопствените каси.

Сомневањата се дека наведените организации без документ и право на сопственост се ставаат во функција на сопственик на имот кој е во сопственост на граѓаните.

Имено, објектот кој се води на катастарска парцела 17651, каде се наоѓаат објектите во состав на поранешен комитет со имотни листови 15107 и 72960, според катастарот се во сопственост на Република Македонија, градоначалникот Максим Димитриевски тврди дека сосопственик на зградата е СДСМ со уште два правни субјекти“, рече Игор Божиновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во моментов може да се забележат повеќе правни субјекти кои се под кирија во зградата на Република Македонија, а просториите ги изнајмуваат од СДСМ, Сојузо на борци на НОВ и Сојуз на синдикати на Македонија.

Како е ова можно, СДСМ да изнајмува простории на други правни субјекти, каде што сопственици се државата и општината?

Ова се случува повеќе од 27 години. Кумановци ги интересираат одговорите на следните прашања:

СДСМ да покажат како и на кој начин и со каков договор ги издаваат просториите од поранешениот комитет?

Колкава сума пари на граѓаните одат во касата на СДСМ, во другите организации и во чии џебови конкретно се слеваат парите?

Дали ова е уште еден начин на СДСМ за испумпување на парите на граѓаните изминативе 27 години?

Врз основа на каков валиден правен документ СДСМ се смета за косопственик на зградата на поранешен комитет во Куманово и кога имаат намера да го отстапат објектот на општината?

Ова е груба узурпација на објект на државата, доделен на користење на општина Куманово, од страна на СДСМ. Ова е уште еден начин на израмнување на партијата и државата.

Ги повикуваме Јавното обвинителство и останатите институции да го утврдат текот на парите од кириите сите овие изминати години. Наши сознанија велат дека изминативе 27 години се свртеле огромна сума на пари на овој начин.

Кумановци не заслужуваат вакви локални шерифи.

На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат!“, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање