(ВИДЕО) Божиновска: Арсовска мисли дека бесплатен јавен превоз е приватните превозници да возат бесплатно за ЈСП

Од:

„Поради неспособноста на Данела Арсовска од денеска целата општина Шуто Оризари е отсечена од јавниот автобуски превоз. Три месеци Градот предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не исплаќа надомест кон приватните превозници, па затоа тие денес решија да престанат со возење на линиите кои ги опслужуваат“, рече Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Со тоа се десеткуваше возниот ред на автобусите, а кон Шуто Оризари автобуси речиси и не сообраќаат биде со линиите „19“ и „20“ располагаат приватните превозници.

Во време на економска криза, Арсовска не ги исплаќа своите обврски, а десетици илјади граѓани се оставени без автобуски превоз и имаат дополнителни трошоци за да стигнат до своите работни места.

Арсовска докажа дека не е способна да го менаџира и актуелниот систем на јавен превоз, а не пак да набави нови 250 автобуси и да воведе бесплатен јавен превоз.

Или Арсовска можеби мисли дека бесплатен автобуски превоз подразбира приватните превозници да водат бесплатно за ЈСП и Град Скопје?

Шест месеци потроши Арсовска од мандатот а не само што не реализира ниту еден проект, туку прекина и важни проекти од нејзиниот претходник.

Освен за личните и интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не се грижи за ништо, ги заборави граѓаните, а градската администрација и јавните претпријатија ги наполни со партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Арсовска дефинитивно е најнеуспешниот градоначалник на Скопје и најголемо разочарување за скопјани“, изјави Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО): Производителот „Баер“ испитува зошто со нивното средство против комарци нè прскаат од воздух, спротивно од дозволата за употреба

Петар Клинчарски

Жичарницата и автобусите до Водно, времено нема да бидат во функција

А1он

Од утре делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“

А1он

ВИДЕО: Нè прскаат со средство против комарци кое е забрането за од воздух

Петар Клинчарски

Објавен јавниот повик за субвенции за набавка на инвертери, аплицирајте онлајн

Ана Ололовска

Во понеделник ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди – аплицирањето ќе биде онлајн

Ана Ололовска