(ВИДЕО) Божиноски: Стерјовска и ВМРО-ДПМНЕ се фалат дека претходната власт ги заглавила општините во долгови

Од:

„Ирена Стерјовска Локвенец со денешниот безидеен прес, во целост го признава хаосот и безредието што зад себе го оставија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во општините ширум Македонија“, рече Валентин Божиноски, член во Советот на Општина Прилеп, од редовите на ОО СДСМ Прилеп.

„Замислете, Стерјовска, со гордост ја презентира информацијата дека поранешните градоначалници ги оставиле општините во милионски долгови!

Долгови коишто се резултат на недомаќинското и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните партиските кадри, коишто ги трошеа парите од граѓаните како да се нивна лична своина.

А кој друг би зборувал за долгови и недомаќинско работење, освен Ирена Стерјовска, којашто и самата како поранешна директорка на Домот за стари лица, ја остави оваа институција во долгови и за која е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба.

Ја охрабруваме Стерјовска да продолжи со вакви прес конференции, со што самата ќе ги потсетува граѓаните како работела власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство веќе се занимава со криминалното и коруптивно работење на ВМРО-ДПМНЕ и штетите што ги предизвикале со парите од граѓаните.

Поднесени се серија на кривични пријави до Основното Јавно обвинителството полни со индиции за злоупотреби и криминал од страна на директорите од претходната власт.

Обвинителството ќе треба да ги расчисти сите индиции од кривичната пријава дека поранешниот директор Дарко Рибароски и фирмата „Марфил“ го оштетиле домот за стари лица за повеќе од 300.000 денари.

Да потсетиме, Златко Ристески – Џекчето, првиот братучед на Марјан Ристески, го оштетил прилепски Комуналец за половина милион евра и по примерот на Стерјовска, го остави ова претпријатие во огромни долгови.

Поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Сашо Николоски, го оштетил претпријатието за околу 100.000 евра за ненаплатени побарувања за вода

Јавноста наскоро ќе разбере во детали како е направен долгот од 3.5 милиони евра од страна на претходниот градоначалник Марјан Ристески.

Градоначалникот Илија Јованоски и Владата на СДСМ секојдневно ја покажуваат разликата помеѓу криминалното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на актуелната власт.

Сите ветени проекти ќе бидат реализирани, а криминалците ќе одговараат за своите злодела. Зборот е збор!“, изјави Валентин Божиноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците