(ВИДЕО) Бошњаковски: Химната останува иста и текстуално и инструментално

Од:

Националната химна останува, ниту некогаш се разговарало химната да претрпи измени, ниту за тоа ќе се разговара. Химната останува иста и текстуално и инструментално, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Вчера поради доцнење при слетување на авионот со грчкиот премиер Алексиск Ципрас беа изоставени сите свечени активности при дочекот, кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната, меѓу другото, и пред Владата, рече Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека биле изоставени овие активности со цел да се добие на време, бидејќи посетата беше работна и во текот на еден ден имаше премногу активности.

– Химната во ниту еден момент не била спорна. Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз националната химна. Како потврда во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор во повеќе различни прилики националната химна била интонирана пред официјални грчки претставници како што беше кревањето на знамето на НАТО пред зградата на Владата, рече Бошњаковски.

Во контекст на тоа додаде дека истото се случи пред неколку дена на Националниот ден на Република Грција на прием организиран од грчката Амбасада каде беше интонирана нашата химна.

– Исто така на спортски натпрервари како што беа квалификациите во Грција за Европското ракометно првенство нашата сениорска репрезентација играше во Грција, каде се интонираше нашата национална химна. Ова се примери кои укажуваат дека химната ниту била спорна, ниту ќе биде спорна, рече владиниот портпарол.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски