(ВИДЕО) Бошкоски: Подготвени сме и ги очекуваме изборите

Од:

Подготвени сме и ги очекуваме предвремените парламентарни избори, рече лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски пред рочиштето за случајот Ровер.

– Што очекувам на македонската политичка сцена и кој е ставот на Обединети за Македонија, тоа ќе го соопштиме во периодов пред нас, најверојатно до крајот на овој месец имаме централно собрание, каде што ќе завземеме јасен став за понатамошните чекори околу идни коалции, блокови и така натаму, рече Бошкоски.

Судењето за случајот Ровер, во кој тој е обвинет е одложено за 23 ноември.

– Очекувам како и од самиот почеток ослободителна пресуда. Иако е сега почеток во овој трет круг на Дантевиот пекол, рече Бошкоски.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада