(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Од:

Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење. Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите. Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење. Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии. Ова е скандалозно. Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење, изјави Маја Борозан, од Форумот на жени на СДСМ.

– Високото ниво на хлор предизвикува иритација на кожата, очите и дишните патишта. Особено е опасно при топол туш. А што најавуваа досега? Мицкоски најави дека водата ќе биде технички исправна и врз основа на таа изјава граѓаните ја користат водата за капење. Министерот Клековски најави дека до крајот на минатата недела водата ќе биде безбедна за пиење. Пред два дена Мицкоски повторно изјави дека „за првпат по многу години“ водата ќе биде бактериолошки исправна.

Во исто време, додека министерот најавуваше вода за пиење, Мицкоски рече дека не може – затоа што се појавила нова бактерија. Ова се случува кога нестручни лица даваат објаснувања. Секој ден различни упатства. Граѓаните се збунети, а последиците по здравјето можат да бидат катастрофални. Сѐ што прават е за политички поени. Резултати нема – само медиумска пропаганда. Сѐ уште не знаеме кој потпишал дека водата е технички исправна и безбедна за капење. Ако некој го потпишал тоа, а сега се докаже дека водата не била ни технички исправна, тој мора кривично да одговара. Тоа што Владата деновиве не го покажува официјалниот документ, наведува на сомнеж дека документ воопшто нема. Сѐ се работи по налог на Мицкоски, во служба на неговата кампања, а на штета на здравјето на граѓаните на Гостивар. Не можете да си играте со здравјето на граѓаните. Сите ќе одговарате, нагласи Борозан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“