(ВИДЕО) Бонева: Не постои оставка заверена на нотар, СДСМ да се појави во Собрание

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги донесе решенијата за стекнување на работен однос на 123 пратеници, иако опозицијата не ги прифаќа мандатите велејќи дека се насилно верификувани, по што поднесе тужба против Собранието.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева повикувајќи се на членот 63 од Уставот, вели дека мандатот на пратениците го верификува Собранието и тој започнува да тече од 10. мај.

– По 10 мај имаме спорна ситуација од страна на опозицијата. Според член 65 од Уставот, пратеникот ја поднесува оставката лично на седница на Собранието. Ако колегите од СДСМ не сакаат да ја бидат пратеници и сакаат да го вратат мандатот, тоа мора да го сторат во Собранието, за да може да се смета дека не се членови на законодавниот дом. Поднесување оставка пред нотар за мандат кој ви го дале граѓаните не постои – изјави Бонева.

Во однос на барањето за апанажа на пратениците од минатиот состав на Собранието, Комисијата едногласно донесе одлука за прифаќање на 24 барања, а за уште седум ќе се расправа на следната седница на Комисијата.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години