(ВИДЕО) Бојковски: Градоначалникот Георгиевски наместо со конкретна расправа, се служи со паушални изјави

Од:

Тони Бојковски, Претседател на Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека во 100 дена од владеењето на градоначалникот Борис Георгиевски нема никаква работа за граѓаните.

– Својата неспособност за менаџирање Борис Георгиевски ја спроведе на дневна политика а на терен за граѓаните едно големо ништо. Советот на Општина Гази Баба во кое мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ го изгласа буџетот на Општина Гази Баба и граѓаните со право очекуваат конкретна работа и реализација на ветувањата дадени за изборите а не празни зборови по медиуми. Општина Гази Баба не памети во нејзината историја градоначалник од кабинет да дава политички изјави, граѓаните од 26 населени места очекуваат работа на терен, односно очекуваат реализација на ветувањата со кои им ветуваа дека ќе им донесат живот, рече Бојковски.

Тој изјави дека градоначалникот Георгиевски секојдневно манипулира со кажување на лаги.

– Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не се против изградба на фекална канализација за населеното место Јурумлери, за што говори и фактот што тоа е наш проект и веќе започнат со реализација. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со загриженост ги следи изјавите на Градоначалникот Георгиевски и наместо конкретна јавна расправа тој се служи со паушални изјави. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Општина Гази Баба го повикуваат градоначалникот Борис Георгиевски да организира јавна расправа каде што ќе присуствуваат Советниците од Советот во Гази Баба и граѓаните на Јурумлери.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да дозволат Советот на Општина Гази Баба да се претвори во пералница на пари. Секогаш ќе реагираме и укажуваме на сите Законски прекршувања и обиди да се спроведуваат постапки кои се спротивни на Законот, рече Бојковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите