ВИДЕО: Бојкот на Стоматолошки факултет, Јанкуловски да го почитува изборот на професорот Киро Ивановски за декан

Од:

Мнозинството членови и наставници на Стоматолошкиот факултет со академски проглас најавија дека од денеска почнува бојкот се додека ректорот Никола Јанкуловски не го испочитува нивниот избор на декан.

– Решение сме да го почитуваме Законот за виско образование, статутот на Универзитетот и етичкиот кодекс, гордо ќе ја браниме автономијата на нашиот Универзитет. Нема да учествуваме во работа на органите на факултетот со кој претседава незаконски назначениот вд декан, професор Мирјана Поповска.

– На ректорот на Универзитеот, професор Никола Јанкуловски му укажавме за незаконското и неетичкото постапување како и грубото погазување на автономијата на Универзитетот во однос на изборот на професор Киро Ивановски за декан на Стоматолошкиот факултет кој со мнозинство гласови го утрдивме минатата година,рече професор Силвана Ѓоргиева.

Упативме отворено писмо до ректорот со кое баравме да ни ги објасни причините за непочитувањ на нашата волја, а се приклучија и 220 студенти и специјализанти. Сите упатија барање до ректорот да го избере професорот Киро Ивановски за декан, како единствен предложен кандидат кој ја ужива поддршката на академската заедница и кој добил наградата “најинспиративен професор на УКИМ“, која е доделена од студентите.

Во интерес на надминување на овој проблем покренавме иницијатива за средба со ректорот но тој одлучи да молчи кога требаше да зборува. Немаме сомнеж дека одлучил да работи спротивно на законот, погазувајќи ја автономијата на нашиот факултет.

Уште еднаш го повикуваме сите ние, наставниците, студентите, научните работници да ја преиспита својата одлука да го избере професорот Киро Ивановски за декан и со тоа ќе ја врати автономијата и ќе го почитува нашето право на глас.

Професорите посочија дека тие и немале никаква одлука, најава или известување дека имаат в.д. декан.

-Тоа случајно го дознав кога се најдов во архивата по друга работа, дека Стоматологија има в.д. декан, рече професор Мирјана Поповска.

Професорот Ќиро Ивановски кој ужива поддршка од мнозинството колеги рече дека се сретнал со ректорот и дека му навел причини кои не се статутот на универзитетот. Но, тој не кажа јавно кои се причините поради кои не е избран.

„Го повикувам ректорот уште еднаш да ја преиспита својата одлука, затоа што причините што ми ги наведе не е во рамките ниту на статутот.Цврсто сме одлучни да го почитуваме Законот за високо обрзование и да ја брамниме автономијата на нашиот Универзитет, рече професорот Ивановски.

Би можело да ве интересира

Приватните стоматолози бараат од Владата директна финансиска помош и ослободување од фискални и парафискални трошоци

Ана Ололовска

Ставен во мирување најавениот штрајк на приватните стоматолози

Приватните стоматолози бараат промена на финансискиот модел и укинување на матичен стоматолог

Татјана Ташкова

Симпозиум по дентална медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Ана Ололовска

Клиниката за стоматологија ќе изврши превентива дезинфекција

Наум Локоски

Не треба да се мијат забите веднаш по јадење, предупредуваат експерти

Наум Локоски