(ВИДЕО) Бојаџиевска: Зад маската на реформи со екстерното, стои желба за контрола, дисциплина и омраза

Од:

Доста ми е од виткање кичма, одбивам со индигнација да расправам за две и пол ливчиња што ми ги пратија со образложение за новата реформа за студентите.

Битката за автономија беше изгубена многу порано, автономијата на универзитетот одамна беше погребана, ова со екстерното е само парастос.

Овој постоечки „франкенштајновски“ закон го отсликува духот на времето.

Овој „франкенштајновоски“ закон со последните концепти е се што е спротивно на автономијата.

Таа е целосно емилиминирана и затоа одбивам да разговарам за прашања од предложенипот концепт, посочи професорката Маја Бојаџиевска од Филолошкиот факултет на УКИМ, на трибината организирана од Студентскиот пленум.

-Вие почнавте да го изразувате гневот, покренавте фундаметални вредности, за тоа можам да ви честитам, им се обрати Бојаџиевска на студентите и ја постави дилемата зашто некој сака повторно нова регулатива.

-Тие што го шират овој дух на регулативата, да се запрашаме зошто го прават ова, по ѓаволите? Поради квалитет? Тоа е флоскула, лага, зад таа маска стои само желба за дисциплина, контрола, невешто скриена омраза кон Универзитетас, рече професорката Маја Бојаџиевска.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар