(ВИДЕО) Богоев: Предвидуваме изградба на нов Дом за стари лица во Злокуќани

Од:

„Денеска, јас и мојот тим и кандидатите за советници сме тука на одбележување на Денот на повозрасните лица, во Домот за стари лица “13 Ноември”, во Злокуќани.

Скромно дониравме, но се подруживме и со нашите повозрасни сограѓани кои се сместени тука.

Од ова место, сакам да најавам дека имаме план, во нашата Програма за живот во Карпош за изградба на комплетно нов Дом за возрасни лица и центар за рекреација, тука во Злокуќани, на Kејот на реката Вардар, на површина од повеќе од 2.500 м2, со двор кој ќе биде приспособен за рекреација и меѓугенерациско дружење меѓу повозрасните кои ќе бидат таму сместени, но и сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат таму.

Нашата цел не е само по домовите за возрасни лица и по пензионерските клубови кои ќе ги правиме во Карпош само повозрасните лица да седат, нашата цел е внатре содржините да бидат насочени кон меѓугенерациско дружење и континуирана меѓугенерациска соработка.

Младите ќе го добиваат искуството од повозрасните, а повозрасните ќе ја црпат силата и енергијата од помладите кои ќе доаѓаат на дружење.

Затоа, јас и мојот тим ветуваме и за повозрасните лица, за повозрасните карпошани дека го враќаме животот во Карпош после 15-ти октомври“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски