(ВИДЕО) Богоев: По победата, локалната власт од СДСМ ќе ги реконструира руинираните градинки во Карпош

Од:

„Во изминатите неколку дена преку интензивни средби со граѓаните на Карпош дојдовме до заклучок за она што и ние го мислевме. За жал, во 2017 година, во Карпош сѐ уште има руинирани градинки и има недостаток од сместување за најмладите Карпошани.

Затоа се обврзуваме пред граѓаните на општина Карпош, и јас и новата локална власт по преземањето на локалната власт на 15 октомври, целосно и темелно да ги реконструираме градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 позади мене, градинката во Влае 1 и да изградиме две нови градинки. Една во Влае 2 на местото до училиштето „Димо Хаџи-Димов“, и една која со години е дел од лажните ветувања на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е градинката во Бардовци до училиштето „Аврам Писевски“.

Родителите, но и бабите и дедовците кои имаат млади карпошанчиња, кои треба да одат во градинка, да бидат спокојни и да не се грижат.

Карпош повторно ќе биде модерна, урбана, и Карпош ќе биде општина во која сите ќе сакаат да живеат. Ставаме точка на криминалното владеење и ставаме точка на киднапирањето на општината од страна на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа