(ВИДЕО) Богоев: Нова градинка во Влае – се грижиме за најмладите!

Од:

„Новата локална власт предводена од мене, како прв Ваш пријател и Ваш градоначалник и од новата локална самоуправа во Општина Карпош која ќе дојде после 15 октомври, планираме да градиме инфраструктура заедно со вас граѓаните, планираме парите да ги вратиме назад кон граѓаните и да ги искористиме исклучиво во интерес на граѓаните на Карпош.

Во делот на инфраструктура, од ова место, во Влае, најавуваме изградба на комплетно нова градинка, на просторот позади мене, непосредно до основното училиште “Димо Хаџи Димов” . Ова ќе биде градинка која ќе се протега на повеќе од 1000 м2 и која ќе ги опслужува потребите за најмладите жители на Влае 2.

Дополнително планираме изградба на комплетно нова градинка во Бардовци, до училиштето Аврам Писевски , како и целосна и темелна реконструкција и доградба на две градинки, едната во Влае 1, другата во Тафталиџе 1, популарна како “Мајски цвет”.

Во Карпош, во Скопје, но и во Република Македонија завршува непланското градење и крадење на парите на граѓаните.
Ставаме точка на урбаната мафија на Стевчо Јакимовски и Никола Груевски и инвестираме единствено во пари кои се враќаат назад кај граѓаните и кои ќе бидат од интерес на карпошани“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на О.Карпош.

Би можело да ве интересира

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он