(ВИДЕО) Богоев: Бесплатни и модерни еко паркинзи за решавање на сообраќајниот хаос

Од:

„Во Карпош паркингот и понатаму ќе биде бесплатен.

Меѓутоа, новата општинска власт предводена од мене како Ваш иден градоначалник и прв пријател воведува ред во паркирањето и го решава хаосот во паркирањето.

Денеска, пред карпошани, најавуваме изградба на нови, модерни еко паркинзи, паркинзи на нивоа кои нема да уништат зеленило, напротив ќе го зголемат зеленилото бидејќи целосно ќе бидат обвиени во зеленило, со систем “Капка по капка” , а од горе на монтажните еко паркинзи ќе имаме и соларни панели кои ќе обезбедуваат преку ден сончева енергија, за ноќното осветлување на еко паркинзите.

На овој начин ќе го решиме паркирањето во Влае, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Козле и на сите места каде имаме проблем со паркирањето во Карпош.

Паркинзите остануваат бесплатни и обезбедуваме повеќе зеленило со овие модерни еко паркинзи.

За ова да се оствари, Ве повикувам сите на масовна политичка мобилизација на 15-ти октомври , заедно да си ја вратиме општината, заедно да го вратиме животот во Карпош“, изјави кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ