(ВИДЕО) Богоев: Авангардни проекти за Карпош, го враќаме духот на нашата општина!

Од:

– Нема да се фалиме со тековни проекти, асфалтирањето на улици и тротоари е емементарна обврска – имаме авангардни проекти и решенија за Карпош, започна Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош, на средбата со граѓани во Карпош 2, населба каде што Богоев поминал дел од својата младост.

Општината ќе биде фокусирана на искористувањето на обновливите извори на енергија, поставување на соларни панели на покривите на градинките и училиштата, со цел заштеда на електрична енергија и заштита на животната средина.

Еден од присутните граѓани постави прашање и за лицата со попреченост, кои ќе бидат проектите на новата општинска власт.

Се грижиме за сите, а за лицата со попреченост ќе овозможиме посебен Дневен центар (во една од општинските бараки), каде што стручни луѓе ќе работат со најмладите, но и со другите граѓани. Исто така, ќе бидат активни и дежурни служби во општината кои ќе имаат должност да завршат администратривна работа за овие лица или да им овозможат превоз до одредена дестинација во Карпош, одговори Богоев.

За Карпош 2 предвидено е и ново зелено катче (сквер) на местото кај старата Пошта. Исто така, повозрасните граѓани да бидат спокојни, општината обезбедува здравствена патрола – бесплатни здравствени прегледи во нивните домови.

Преку нашите проекти овозможуваме и дополнителна социјализација на граѓаните и меѓугенерациска поддршка. Го враќаме духот и маалскиот живот на Карпош, се вели во соопштението на СДСМ Карпош.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он